Муслиу: Парламентот не е младинска сцена па да се кажува сешто, Апасиев треба да извлече поука

Опозицијата создаде амбиент дека работата е завршена, и таа атмосфера сега ќе врши притисок врз Заев. Опозицијата се поразени затоа што пропаднаа со оваа иницијатива, а Заев е поразен со таа негова изјава за оставката, вели Арсовски.

-Вчера имаше една ерозија на моралот. Се јавуваа пратеници по телефон, седеа со скафандери во собрание… тоа е шпанска серија. Ние сега имаме влада што нема недоверба. Она што треба да нѐ радува е оската на евроинтеграција околу која се вртеа сите партии освен Левица, која беше издвоена на страна, вели Арсовски.

-Таквиот заклучок за Левица го направи лидерот на партијата. Парламентот не е младинска сцена на која може да се кажува сешто, па можеби лидерот на Левица ќе извлече поука, вели Муслиу.

-Вчера слушнавме тешки зборови како киднапирање, па и измачување на пратеник, тоа да му се случува на обичен граѓанин а камо ли на пратеник е страшно за државата. Очекувам дека пратеникот Кастриот Реџепи ќе излезе и ќе каже што се случувало, вели Муслиу.

-Нема победници од вчерашниот ден, ама има јасни правци. Опозицијата имаше добар старт за пресврт со локалните избори и со овој чекор се избрзаа па сега топката се префрла на другата страна. Сега власта е во позиција легитимно да бара да го зголемува мнозинството, вели Муслиу.

Back to top button
Close