Музичкиот феномен што ги распродава арените: Јаков Јозиновиќ го најави концертот на 9-ти април во СЦ „Јане Сандански

Младата музичка сензација, Јаков Јозиновиќ, на ПРЕСС-конференцијата која се одржа  денес, четврток, 26 февруари во Скопје, официјално го најави својот прв концерт во Македонија закажан за 9 април оваа година во арената „Јане Сандански“.

Пред бројните претставници на медиумите, Јаков зборуваше за подготовките за неговата голема регионална турнеја насловена „Ја за чуда летим“, во чии рамки е и скопскиот концерт, а која што со рекордниот интерес на публиката несомнено годинава ќе ја одбележи регионалната музичката сцена. Популарниот хрватски пејач направи вистинска сензација и со својот успех ги надмина сите очекувања. Имено, само во Белград Јаков има надреални 6 распродадени концерти во „Сава Центар“, од кои првиот за неверојатни 30 минути. Во Љубљана го сруши рекордот во продажба на билети со два датума во арената „Стожице“ и над 20.000 влезници, а на листата со распродадени концерти се и Марибор, Загреб, Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и други градови.

Македонската публика на 9 април ќе има можност ексклузивно да го доживее концертниот спектакл на Јозиновиќ кој најави дека подготвува посебна вечер, осмислена како единствена концертна целина која на уникатен начин ја носи неговата сценска енергија, емоција и изненадувања. Продукцијата ќе биде подигната на највисоко ниво, а токму таа посветеност на деталите и желбата на публиката да ѝ понуди повеќе од концерт, ја прави неговата актуелна турнеја најочекуваниот музички настан на годината.

Тој не је крие радоста поради огромниот успех, но истакнува дека сè доживува спонтано, како остварување на сон кој го живее од ден во ден.

Случувањата околу мојата кариера ми покажаа дека ние на целиот балкан сме една голема заедница како едно и тоа многу ме радува и ми значи“, изјави Јаков на средбата со новинарите, додавајќи дека за посетителите на концертот во Скопје подготвува незаборавна вечер со повеќе изненадувања, како и македонски хитови кои ексклузивно ќе ги вклучи во сет-листата за овој концерт.

По ПРЕСС конференцијата за која имаше невиден медиумски интерес, младата ѕвезда во подем цели три часа трпеливо даваше изјави, имаше разговори и снимаше интервјуа со мноштво медиуми меѓу кои и најгледаните македонски телевизии и најчитаните портали.

Инаку во неговата биографија стои дека првиот поголем успех во кариера на Јаков беше учеството во натпреварувачкото шоу „Суперталент“, каде што со својот глас и изведбата на песната „Bohemian Rhapsody“ го воодушеви жирито, а потоа продолжи активно да работи на својот вокал и кариера. За кратко време ги освои симпатиите на публиката низ целиот регион со своите интерпретации на песни од Оливер Драгојевиќ, Здравко Чолиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Кемал Монтено, Масимо Савиќ и многу други музички ѕвезди.

Денес зад себе има милионски прегледи на социјалните мрежи и распродадени арени. Неодамна ги објави и своите два сингла, првиот „Поље ружа“ и втората песна „Ја волим“, со која привлече посебно внимание, молскавично стана хит на социјалните мрежи и ги освои врвовите на топ-листите, потврдувајќи го неговиот сè поголем успех и популарност низ целиот регион.

Back to top button
Close