МВР – Буши патувал приватно, министерството не платило ни денар

Заменик министерот за внатрешни работи во Истанбул бил приватно и патувањето не го платило Министерството за внатрешни работи, велат за „Фокус“ од Кабинетот на Назим Буши.

Од кабинетот објаснуваат дека станува збор за приватно патување во Истанбул на заменик министерот Назим Буши реализирано есента 2020 година во медицински цели за член на семејството, во врска со интервенција закажана неколку месеци пред назначувањето на г.Буши како заменик министер.

Притоа, напоменуваме дека лицата за време на престојот биле гости на пријател на семејството кој се погрижил околу нивното сместување.

Од Министерството се децидни дека патувањето не го платило МВР.

Албанската телевизија Ора објави дека Буши престојувал во хотел во Истанбул каде едно ноќевање чини 20 илјади евра.

Back to top button
Close