МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Од МВР информираат дека денеска околу 13:00 часот во Полициската станица Кочани, советникот во Општинскиот совет, В.А. од Кочани, пријавил дека за време на одржувањето на седница на Советот, бил нападнат од колегата советник А.А., по претходно недоразбирање.

Според пријавата, А.А. се обидел физички да го нападне В.А. и употребил тврд предмет, но бил спречен од други присутни. Во текот на инцидентот, А.А. фрлил и шише со вода, при што во лице погодил вработена во општинската администрација.

Повредената е пренесена во здравствена установа за укажување медицинска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close