МВР:  Дваесет и деветгодишниот струмичанец на 6 декември влегол во Бугарија каде живее неговата мајка  

Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, МВР денеска соопшти дека веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и е утврдено дека тој остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село.

Во соопштението од МВР се наведува дека за М.Д е пријавено во Полициската станица Струмица на 09.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д.(64).

– Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село. Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР

Back to top button
Close