МВР ќе се поднови со 26 возила, вредни 605.000 евра, обезбедени со донација од Чешка

Министерството за внатрешни работи ќе се поднови со 26 возила,  со вкупна вредност од 605.000 евра, согласно договорот за донација од Чешка.

Поточно на сајтот на Бирото за јавни набавки денеска беа објавени два договори на МВР за набавка на возила. За најдоцна 150 дена, на возниот парк на министерството ќе се паркираат нови  8 возила за транспорт и брзо распоредување „пежо боксер“, набавени за 232.000 евра, без вклучено ДДВ, бидејќи набавките обезбедени со донација се ослободени од оваа давачка.

Возилата на министерството ќе  ги испорача  „ЕУРОИМПЕКС ДОО“ увоз-извоз Скопје, која победила на тендерот.

Освен овие возила, МВР набави уште 18 возила од  „ЈОСИФОВ ДООЕЛ“ увоз-извоз Битола. Пет од нив се патнички теренски возила „шкода кодиак амбишн“.

Осум се патнички моторни возила „шкода октавиа амбишн“.

И пет автомобили „шкода скала амбитион“.

Овие возила вкупно чинат 373.000 евра без ДДВ.

Back to top button
Close