МВР ги бара „тепачите“ од „Тикток“

Министерството за внатрешни работи веќе почнало да постапува по видеото од социјалната мрежа „Тикток“ кое вчера го објави ТВ Сител, а на кое се сугерира напад случен во Македонија на група од барем три лица врз едно момче.


Од полицијата, сепак, засега не откриваат многу детали.

„Министерството за внатрешни работи постапува за расчистување на случајот и по расчистувањето ќе ја известиме јавноста“,

велат од МВР.
Случајот предизвика бројни реакции и затоа што на краткото видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“ со знамиња е „обележана“ ентичката припадност на напаѓачите (албанско знаме) и нападнатиот (македонско знаме). Сепак, разговорот меѓу напаѓачите и нападниот не може да се слушне бидејќи е отстранет оригиналниот тон, а на видеото е монтирана музика.

Настанот се случува доцна навечер а квалитетот на снимката е таков што не може да се утврди каде точно се случил нападот.

Back to top button
Close