МВР ги измеша „лончињата” – и кога греши, погодува?!

Повод: поднесената кривична пријава против Г.С.(48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Г.С.(48) да ги врати назад неовластено земените 46.520 денари, ама и Г.С („Џемо Билбил”), да гo врати од народот отуѓеното (украденото!) – резбаните маси и фотељи, од старата Охридска резбарска школа, кои ги запленија со министерот од СДСМ, Благоја Стефановски – Баге.

 

Министерството за внатрешни работи, вчера, од „Централата” во Скопје, до медиумите испрати соопштение, со кое известува дека е поднесена кривична пријава против Г.С. (48), директор (за воља на вистината – БИВШИ!), на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, „поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, патувал во странство и на тој начин нанел штета на буџетот на установата во износ од 46.520 денари, се наведува во соопштението.

Честитки за полициските службеници за посветеноста и нетолерантноста кон Г.С.(48), кој треба, веднаш, да ги врати назад неовластено земените 46.520 денари!

МВР, со соопштението, малку ги измеша „лончињата”, медиумите објавија дека е осомничен сегашниот директор (ете, счлучајно, иницијалите им се совпаднале!), ама, полицијата и кога греши – погодува!

Осомничениот Г. С.(48), сега, треба да ги врати назад неовластено земените 46.520 денари, ама, нели, полицијата и со грешката – погоди, те и актуелниот Г.С ( “Џемо Билбил” ), да гo врати од народот отуѓеното (украденото!) – резбаните маси и фотељи, од старата Охридска резбарска школа, кои ги запленија со министерот од СДСМ,, Благоја Стефановски – Баге

БАРАМЕ НЕСЕЛЕКТИВНОСТ!

„Нит по бабе, нит по стричевима”, нели!?

Актуелниот Г.С. потврден политички ковертит, требаше одамна да одговара пред законот.

Најнапред, како докажан кадар на СДСМ, на тогашниот министер за култура, Благоја Стефановски – Баге, НА РЕВЕРА (демек со враќање!) му ги даде резбаните фотељи и маси од Домот, ретки при,ероци на познматата Охридска резбарска школа. Со лага дека ќе одат на изложба во Париз, за што дадоа образложение, отпосле, кога се дозна во јавноста. Свесно и со умисла го направија делото. Нит изложба видоа, нит некој ги виде оттогаш.

Едно време, во мандатот на Груевски, беа дел од неговиот кабинет во владата. Како пратеник, неколку пати, го покренува тоа прашање. Последно, од Зоран Ставрески – Кумашинот, добив ветување за писмен одговор. Никој пат не го добив.

Еве прилика охриѓани да се кренат и да си го побараат назад, со измама и на препад, одземеното . Овој, неранимајко, „звани” Џемо Билбил, да каже каде се и на кој начин ги отуѓи и за каква цел? Да ве потсетам на филмот „Цената на градот”! Во овој случај – цената на директорската функција!!!

ГО ПОВИКУВАМ министерот Зоран Љутков, веднаш да го смени овој егов кадар, кого го постави веднаш по промената на власта, меѓу првите, ако не и прв, како заслужен кадар од времето на СДСМ !!!???

ГО ПОВИКУВАМ Обвинителството за организиран криминал, веднаш да постапи, по допрен глас, и преку МВР прибере докази.

Бидејќи го истражував случајот, им стојам на располагање, да им кажам кога, со кој камион и со кој возач, одземеното, од народот, отуѓеното, односно украденото, го транспортираа од Охрид во Скопје. Се тразбира и за РЕВЕРСОТ!!!!????

ГИ ПОВИКУВАМ пратениците од Охрид, иако се од ВМРО ДПМНЕ (другите за жал, или, за среќа – НЕМАМЕ!), повторно да го покренат прашањето: каде се и кога на Охрид ќе му бидат вратени уметничките артефакти?

ГИ ПОВИКУВАМ медиумите од Македонија, посебно оние од Охрид, најтранспарентно да го обелоденат случајот, за да можеме, јавно да настапиме и од народен собир да си го побараме нашето, од политички профитери и конвертити одземено!

Нема мир, додека не се спроведе правда!!!

Веле Митаноски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close