МВР: Гласањето од вториот круг на локалните избори 2025 се одвива мирно

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територија на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на целиот изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите, изјави денеска портпаролот на МВР Гоце Андреевски.
МВР, како што истакна, апелира до сите граѓани и до политичките партии да придонесат за мирна, фер и демократска атмосфера.
– Доколку има било какво нарушување на изборниот процес, граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112, рече Андреевски.






