МВР го уапси Ангело Ѓорѓиевски – првообвинет за убиството на Тот

Министерството за внатрешни работи утринава го извести ОЈО-Скопје дека е лишено од слобода лицето Ангело Ѓорѓиевски, првообвинет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Лицето се предало на органите на прогонот во населбата Аеродром во Скопје.

За него, како што информира МВР, веќе е донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.

– Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишено од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје. За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението од МВР.

Вчера МВР распиша меѓународна потерница за првоосмничениот Ангело Ѓорѓиевски.

Тот беше претепан до смрт пред ноќен клуб, кој немал лиценца за работа. Ракометарот и девојката која крвнички го клоцаше по главата, се познавале од претходно. Меѓусебно недоразбирање најверојатно е причина за нападот кобната ноќ.

Меѓу нив имало расправија, потврди МВР и тоа најверојанто е поводот за нападот, во кој Тот ќе ги добие смртоносните повреди. Ниту еден од седумтемина сведоци, обезбедувањето во клубот и такси возачот, не пријавиле на 192.

Back to top button
Close