МВР го запленила камионот со кој ноќеска Ганиу истураше ѓубре пред канцеларијата на Арсовска.Мерцедесот го однеле во Дрисла

„Во врска со настанот од 28.05. пред објектите на Град Скопје, ве информираме дека во 23,05 часот беше пријавено дека група луѓе (од 30 до 40 граѓани) се движат од објектот на Владата на РСМ кон Градскиот парк, а во 23,20 часот од страна на инспектор од Град Скопје е пријавено дека пред бараките на Град Скопје повеќе лица со камион исфрлиле отпад.

Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на лице место, преземени се сите службени дејствија, извршени се разговори а од страна на екипа на ЕУМНА извршено е фотографирање на лице место. Со оглед дека е констатирано прекршување по основ на Законот за јавна чистота, од страна на инспектори при Град Скопје товарното возило марка „Мерцедес“ е одземено и во придружба на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција истото е однесено во „Дрисла““, велат од МВР за „Скопје1“

Back to top button
Close