MВР и Бислимовски со потврда – претседателот на РКЕ бил удиран од газдата на „У повер“ и син на Муса Џафери

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Фактор потврди дека бил физички нападнат од сопствениците на компанијат „У повер“, на која неодамна токму од РКЕ и беше одземена дозволата за работа, поради непочитување на договорите на кон потрошувачите за снабдување со струка.

-Точно е –  одговорил кусо Бислимовски за Фактор.

Во СВР Скопје синоќа во 23.54 часот М.Б. (45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ. (28) од Скопје.

Од МВР за МИА информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок
Видео од нападот на фејсбук објави Дојче веле.  Според нив нападот е извршен од Аријанит Џафери, син на екс вицепремиерот Муса Џафери и еден од сопствениците на У повер.

Back to top button
Close