МВР има информации дека за вечерва се спремаат молотови коктели

Имаме информации дека одредена група за вечерашните најавени протести подготвува молотови коктели, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Нападот на полициските службеници, на институциите тоа веќе не е демократија, туку вандализам и насилство. Сега бевме во посета на двајца колеги и се со посериозни повреди и 11 со потешки повреди, а на остатокот им е укажана лекарска помош и се упатени на домашно лекување. Сакам да изразам благодарност за храброста, за херојството на секој полициски службеник кој учествуваше во одбраната на редот и на мирот и безбедност на граѓаните. Беа на висината на задачата и тоа е нивната цел да го штитат мирот и безбедноста на секој еден наш граѓанин, рече Спасовски.

Back to top button
Close