МВР изминатиов период со зајакнатите контроли заплени над 147.000 пиротехнички средства

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатиов период презеде зајакнати репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства, но и неовластената трговија со нив, при што запленети се над 147.000 пиротехнички средства.

За неовластена употреба на пиротехнички средства, посочуваат од МВР, предвидена е глоба во износ од 200 до 500 евра, согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, додека според член 396 од Кривичниот законик за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, следува казна затвор од три до десет години.

Back to top button
Close