МВР ja расчистува тепачката на ученици во Сарај – идентификувани се шест сторители

МВР информира дека вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 12 часот, пред Основното училиште „Дитурија“ во скопската општина Сарај, шест ученици физички нападнале двајца ученици од деветто одделение.
Инцидентот беше објавен и на социјалните мрежи, по што Министерството за внатрешни работи веднаш презеде мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Со родителите на нападнатите малолетници е извршен службен разговор, а денеска биле сослушани и самите оштетени ученици. Кај едниот малолетник лекар констатирал тешки телесни повреди, додека кај другиот се утврдени телесни повреди.
Полицијата ги идентификувала шестемина ученици кои го извршиле нападот, на возраст од 13 до 15 години, и сите биле повикани на разговор во полициска станица.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
Извор: fokus.mk





