МВР контра тврдењата на Лукас и кафе барот „Рома“

t

МВР обајви детално соопштение во врска со апсењето на Аца Лукас, во кафе барот „Рома“ во Кавдарци.

„Во врска со настапот на А.В. во Кавадарци на 21.11.2025, Министерството за внатрешни работи во насока на превенција и заштита на граѓаните, а особено помладата популација која според нашите информации во голем број планира да биде на концертот, во просториите на ОВР Кавадарци во присуство на инспектори од ДПИ и ДЗС одржа состанок на кој беше присутен и сопственикот на кафе бар ,,РОМА”, Ѓ.А од Кавадарци. Токму во таа насока на сопственикот на кафе барот му беше укажано дека треба да постапува согласно позитивните законски прописи пред и за време на настанот, се со единствена цел а тоа е безбедно одржување на концертот во посочениот кафе бар. Од страна на Ѓ.А. сопственик на кафе бар ,,РОМА” е потврдено дека знаел за потребните услови и законски прописи кои треба да се исполнат за настап на А.В.

И покрај сите укажувања да се почитуваат сите протоколи и законски прописи наведената вечер по претходно изготвен план за заедничка контрола во угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кавадарци, полициски службеници од МВР-ОВР Кавадарци, во координација со УЈП, ДПИ, Трудов инспектор, Инспектор за странци од РЦ Југ, извршена е контрола во наведениот објект ,,РОМА” каде имало присутно околу 600 до 700 гости за што од страна на ДПИ се превземаат мерки за присуство на гости повеќе од дозволеното. Констатирани се прекршоци согласно Законот за пушење, од страна на УЈП за неиздавање на фискални сметки, а при контрола на А.В. од страна на Трудов инспектор и Инспектор за странци констатирано е дека истиот настапува без да ја поседува потребната дозвола за истото по што истиот е приведен во ОВР Кавадарци од страна на полициски службеници за понатамошна постапка.“

Back to top button
Close