МВР: Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана
Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода двајца Скопјани на 27 и 25 годишна возраст, откако при претрес во домот на едниот од нив била пронајдена марихуана, стебла од канабис и дроблика.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
– На 27.09.2025 во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници о СВР Скопје ги лишија од слобода А.З.(27) и М.П.(25) двајцата од Скопје. При претрес во домот на А.З., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и М.П., биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и дробилка со остатоци од марихуана, се вели во соопштението од МВР.