МВР може да се соочи со масовни тужби ако се укинат позициите заменик командир и заменик началник

Со новите измени на Законот за внатрешни работи, што се наоѓа во собраниска процедура, можат да се укинат позициите заменик командир и заменик началник во полицијата.

Тоа не значи дека лицата кои сега се на овие позиции ќе останат без работа, но тоа ќе придонесе да се наруши карирерниот развој кај вработените, односно уназадување во кариерата.

Ваквата комплексна и рестриктивна промена во кариерниот развој на работниците е недемократска и спротивна на сите искуства во полицијата поради што треба да се предложи да вработените кои заради структурални и организациски промени во Министерството, треба да бидат уназадени во кариерата, да ја задржат платата од работното место од кое се уназадуват.

Според упатени извори, ваквите промени во кариерниот систем несомнено ќе придонесат за лавина на судски постапки и тужби против МВР како еден од најголемите работодавци во државата.

На измените на Законот за внатрешни работи остро се спротивставува опозициската СДСМ која смета дека ваквите измени нема да донесат ништо добро, туку ќе ја вратат партизацијата на полицијата која беше актуелна за време на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски.

„Овој закон не е реформа – ова е реставрација. Враќање на моделот каде партијата ја контролира полицијата, каде министрите одлучуваат кој ќе биде „голем“, а кој „поштеден“. Се враќаме во времето на МВР под ВМРО, кога брутално се кршеа човековите права на граѓаните“ порача денес од собраниска говорница пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Back to top button
Close