МВР: Неколку училишта во Скопје и Куманово попладнево добиле дојави за поставени бомби

„Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на е маил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници“,соопштија од МВР за „360 степени“.

Раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово Александар Јовановиќ, информира дека сите ученици биле безбедно евакуирани.

„Дојавата за бомба е испратена по електронски пат, нешто после 17 часот. Од училиштата повикале полиција која мошне бргу пристигнала, учениците безбедно се евакуирани. Останува на службите да ја проверат состојбата“,изјави Јовановиќ.

Како што објавија некои медиуми, дојави за бомби во Скопје пристигнале на електронските адреси на училишта во Општина Аеродром по што сите попладневни активности во тие училишта биле прекинати, а децата биле испратени дома.

Back to top button
Close