МВР објави колкави се казните од „Безбеден град
Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.

️ Пречекорување на брзина во населено место
(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)
до 10 km/h над дозволеното –15 €
од 10 до 30 km/h –50 €
од 30 до 50 km/h –300 €+ забрана за управување 3–12 месеци
️ Пречекорување на брзина надвор од населено место
(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)
до 30 km/h над дозволеното –20 €
од 30 до 50 km/h –50 €
од 50 до 70 km/h –300 €+ забрана за управување 3–12 месеци
Поминување на црвено светло
250 €глоба
забрана за управување 3–12 месеци
️ Непрописно запирање и паркирање
(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)
глоби од25 €, 40 €, 150 € и 180 €
(во зависност од видот и тежината на прекршокот)
Учество во сообраќај со нерегистрирано возило
(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)
500 €глоба
ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена –100 €
Намалување на санкциите
Плаќање во рок од8 дена→ се плаќа 50% од глобата
Ако има и забрана за управување → се изрекува вополовина од пропишаниот рок
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, за поголема лична и општа безбедност и намалување на сообраќајните незгоди






