МВР објави оглас за 150 полицајци

Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за вработување на 150 униформирани полициски службеници.

Полицијата ги охрабрува сите млади, непартиски лица, мажи и жени под 25-годишна возраст, со минимална висина од 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и кои не се осудени со конечна судска пресуда, да аплицираат на огласот, за чие работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на едукација, вежбање и обука.

„Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец”.

„Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука” соопштија од МВР.

Според нив, полицијата е од суштинско значење во едно општество бидејќи, како што велат, таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се темел за прогрес и економски благосостојба на државата и сите граѓани во неа.

Тие ги повикуваат сите храбри, искрени, солидарни и со висок морал, интегритет и дисциплина да се пријават на конкурсот

Back to top button
Close