МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.

Оттаму додават дека во координација со другите надлежни институции Министерството презема мерки за гаснење на пожарот.

Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гаснењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што Министерството навремено ќе ја информира јавноста

Back to top button
Close