МВР: Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посетата на шпанскиот премиер


Министерството за внатрешни работи го корегираше известувањето за најавата за посебен сообраќаен режим во центарот Скопје за во текот на утрешниот ден. Причина за најавените мерки по сообраќајниците е официјалната посета на нашата држава на премиерот на Шпанија Педро Санчез Перез-Кастехон, а не реализација на предвидените манифестации по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, како што беше наведено во претходното известување.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Back to top button
Close