МВР: Постапуваме по пријава за напад

Веднаш по објавувањето на информацијата дека полицајци го блокирале пристапот кон Македонскиот народен театар поради дојава за бомба, „Фокус“ се обрати до МВР.

Од таму тврдат дека во моментот постапуваат по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ.

„Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации“, се наведува во соопштението од МВР.

Back to top button
Close