МВР потврди: Финансиски криминал со регистрација на возила, меѓу осомничените и вработен во ЈПДП

Од МВР за Press24 ја потврдиле информацијата дека доцна синоќа во Скопје припадници на Одделот за субивање на организоран и сериозен криминал при БЈБ – МВР спровеле акција и уапсиле лица и извршиле претреси на повеќе локации во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал.

Според информациите до кои доаѓаме, станува збор за случај во кој се сомничи дека преку лажирање на извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила биле прикривани и пренасочувани средства.

Меѓу осомничените има и вработени во државни институции и претпријатија, од кои едно лице е вработено во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), а според информациите штетата се проценувала на над 13милиони денари, нешто повеќе од 2 милиони евра

Back to top button
Close