МВР потврди: Во тек акција на полицијата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи
Министерството за внатрешни работи спроведува нова акција поврзана со незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи.

– МВР денеска спроведува координирана акција со претреси на повеќе локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц- и Д-категорија – потврдуваат од Министерството.
Велат дека акцијата е во тек со цел расчистување на случаите и обезбедување материјални докази.
Денешната акција следува по истрагата што внатрешната контрола на МВР ја отвори минатиот месец кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица што немале положено испит за управување камиони или автобуси.






