МВР: Претрес во охридско Горно Лакочереј, пронајдена муниција

 При претрес во охридското село Горно Лакочереј полицијата вчера пронашла и запленила триесет и три куршуми за автоматска пушка и три куршуми за пиштол калибар 9 милиметри, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 31.12.2021, по претходнo добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на К. Н. (30) од охридското село Горно Лакочереј. Притоа, полициските службеници од СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа триесет и три куршуми за автоматска пушка и три куршуми за пиштол калибар 9 милиметри, што неовластено ги поседувал, се вели во соопштението од МВР.

Лицето е лишено од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close