МВР: Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера го лишиле од слобода Н.Б. (32) од Радовиш, во чиј дом, при претрес извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага и дробилка.
Од МВР информираат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.