МВР: Приведен насилник, кој на протестот на 5 јули физички нападна полициски службеници

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал и Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера го приведоа Г.П. (43) од Скопје. Тој на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлал со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Од МВР денеска информираа дека до надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицето е изнесено пред судија на претходна постапка

Back to top button
Close