МВР: Приведени двајца шверцери, во нивните возила се откриени девет мигранти од Пакистан
На регионалниот пат Р1103 кај клучката Демир Капија, вчера во 18:40 часот, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово го привеле Ј.Р. (44) од Гостивар откако при контрола на возилото „бе-ем-ве“, со гостиварски регистарски ознаки што тој го управувал, биле откриени четири лица илегални мигранти од Пакистан, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во 20:10 часот кај место викано Острово, во близина на Неготино, биле откриени уште пет лица илегални мигранти од Пакистан, кои претходно се превезувале со возилото „бе-ем-ве“, а лишен од слобода е Е.М. (28) од с. Врапчиште.
Ј.Р. и Е.М. се приведени во полициска станица и по извршен службен разговор признале дека двајцата учествувале во прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти, посочуваат од МВР.
Во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, против лицата во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење мигранти по чл. 418-б ст.2 и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, а лицата илегални мигранти се предадени во прифатно-транзитен центар.