МВР: Пронајден е човечки леш во фаза на распаѓање во Зрновци

По информацијата дека во кочанското село Зрновци, е пронајдено мртво тело на жена, со првични информации се огласија и од МВР
-Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци, во место викано Ѓошевски орев, во близина на зрновска река, е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за ,,Фокус”.
Од Обвинителството претходно посочија дека починатата се уште не е идентификувана.
-Јавен обвинител од Основното јавно Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, велат од Обвинителството.
Извор: fokus.mk






