МВР: Протестот на независниот полициски синдикат не е насочен кон нас, туку кон одредени судови

Од Министерството посочуваат дека во континуитет работат на унапредување на стандардот на полициските службеници, унапредување на работните услови и враќање на достоинството на полициската професија.

„Постојано сме во разговори со сите полициски синдикати и заедно се предлагаат и прифаќаат решенија за унапредување на статусот и условите на полициските службеници. Такви идеи и предлози веќе сме имплементирале во Колективниот договор меѓу МВР и Синдикатот и полициските службеници ги користат имплементираните придобивки и подобрувања“ велат од МВР и додаваат дека дијалогот со сите синдикати ќе продолжи со цел подобрување на статусот на сите полициски службеници.

Претходно денеска, Независниот синдикат на полицијата (НСП) излезе на протест, барајќи да се почитува Законот за минимална плата, како и уедначување на судската пракса на целата територија на државата кога се досудува во предмети против Министерството за внатрешни работи, а кои се однесуваат на разлика до минимална плата.

Back to top button
Close