МВР санкционира 127 санкционирани возачи во Скопје, 17 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, две мерки за нерегистрирани возила…

МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close