МВР: Санкционирани 79 возачи за недавање првенство на минување


Во засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои недаваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, полицијата денеска во периодот од 09:00 до 14:00 часот санкционирала 79 возачи, од кои 21 на територијата на СВР Тетово, 19 на територија на СВР Битола, 15 на територијата на СВР Куманово …

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close