МВР сè уште не ги одзема телефоните на Меџити и обвинителката Крстева, нели „и брат да ми е ќе одговара“?
И покрај постојаните барања, сè уште не се преземени мерки од Министерството за внатрешни работи (МВР) за да се одземат и проверат телефоните на Изет Меџити и обвинителката Верица Бржецка Крстева, реагираат семејствата на обвинетите во случајот Беланоца/Барон.
Во продолжение сооштението од семејствата на обвинетите:
– И покрај постојаните барања, сè уште не се преземени мерки од Министерството за внатрешни работи (МВР) за да се одземат и проверат телефоните на Изет Меџити и обвинителката Верица Бржецка Крстева. Исто така, притисокот во судовите продолжува, со обиди нелегално прибавените снимки (прислушувања) да се користат како докази во постапката.
Ние, како семејства на обвинетите, сме длабоко разочарани од однесувањето на министерот Панче Тошковски и самото МВР, бидејќи само врз основа на изјава на едно лице се апсени 18 лица, додека истото лице спомна и имиња на полициски службеници и високи функционери на МВР, кои, според неговите зборови, му помогнале во овие настани, но против нив не е преземена никаква мерка.
Сакаме да ги потсетиме зборовите на министерот Панче Тосковски, кој рече:
„И брат да ми е ќе одговара.“
Но во реалност, правдата стана селективна, господине Панче — за некого е крал, за некого слуга, стои во соопштението испратено до медиумите.