МВР со 58 санкции за брзо возење во Штип и Кочани

Санкционирани 371 возачи во Скопје, 120 за пребрзо возење

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера во периодот од 10.00 до 16.00 часот спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на териториите на Штип и Кочани. Како што соопшти МВР, санкционирани се 90 возачи, од кои 58 возеле со брзина поголема од дозволената, деветмина за возење без положен возачки испит, седум поради нерегистрирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close