MВР со детали: Во вчерашното пукање во Чаир повреден 31-годишен скопјанец
Вчера во скопски Чаир, кај „Фафа“ имаше пукање во кое рането е едно лице.
„Вчера во 21.50ч. во СВР Скопје е пријавено дека во ГОБ Наум Охридски бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Според првични и неофицијални информации кои ги објави ТВ21 станува збор за пресметка на криминални групи.
Пуканиот е лице на возраст од 31 година, а според информации на телевизијата се работи за син на познат газда на кафе бар.