МВР со потврда: Советникот не се инфицирал на работното место

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата дека советник во кабинетот на министерот е позитивен на Кобид 19.


-Ве известуваме дека еден советник во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи е позитивен на Covid 19. Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба на Министерот со лицето била на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.
Исто така, Ве информираме дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството – велат од МВР.

Back to top button
Close