МВР: Спречен меѓународен превоз без соодветна документација на Табановце
На граничниот премин Табановце полицијата при дополнителна контрола констатирала дека три лица вршеле меѓународен превоз без да поседуваат соодветна документација, информираат од МВР.
„На 26.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при извршена дополнителна контрола на три возила со кои се вршел превоз на патници, и тоа патничко возило „пежо боксер“, со швајцарски национални ознаки,управувано од Т.Г.(22) од с.Ново Село, патничко возило „пежо боксер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Штип, било констатирано дека пријавените вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документацијa -се вели во полициското соопштение.
Се очекува Државниот инспекторат за транспорт и врски да го расчисти случајот и да ги санкционира лицата кои управувале со возилата.