МВР спроведе оперативно – тактичка вежба „Пролет-22“

– Спроведување на навивачки групи на терен, обезбедување на ВИП личности при влез на спортски натпревар, отстранување на навивачки групи поради извршување неред на натпревар и нарушување на истиот, отстранување на експлозив, како и постапување при заложничка ситуација, демонстираа денеска припадниците на Единицата за брзо распоредување и Специјалната единица „Тигар“, во рамки на оперативно-тактичката вежба „Пролет-22“, организирана од Министерството за внатрешни работи.

Показната вежба се одржа во кругот на СЦ „Борис Трајковски“, а главната цел на вежбата беше да се покаже подготвеноста и стручноста на прирадниците на МВР при вршење на задачите од областа на безбедноста.

Одличната координираност и физичката подготвеност на припадниците на МВР е клучна при постапување во такви и слични ситуации.

Пред почетокот на натпреварот, припадниците на ЕБР извршија претрес на навивачите од двете групи, кои беа внесени од различни влезови. Поради нивната бунтовност и навивачки занес припадниците на ЕБР со посебна претпазливост ги спроведоа на натпреварот навивачките групи кои беа најавени дека ќе присуствуваат. Потоа се појави уште една група, но бидејќи беа во алкохолизирана состојба, МВР забрани нивен влез на нетпреварот.

Потоа беше спроведена ВИП личност со полициска придружба.

Кратко време откако започна натпреварот, навивачите почнаа да фрлаат со пластични шишиња, по што натпреварот беше прекинат и во рамки на вежбата ЕБР ги изнесе навивачите од спортската сала. Потоа го спроведе вип лицето до неговиот автомобил, со цел безбедно да замине од натпреварот.

Во рамки на вежбата беше симулирана и заложничка ситуација, при што прирадниците на „Тигар“ веднаш постапија.

Во спортската сала беше оставен и ранец со експлозив, во рамки на вежбата, со куче беше потврдено дека навистина во него се наоѓа експлозив, а потоа истиот беше уништен.

Поради подготвеноста и стручноста на припадниците на МВР се спречува нарушувањето на редот на спортските натпревари, а и при сите други безбедносни закани

Back to top button
Close