МВР: Тројца приведени за нападот со нож врз јавен обвинител, причина е кавга во сообраќај

Tри лица се осомничени и приведени за нападот со нож врз јавен обвинител од Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи.

„На 21.11.2021 во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране, гостиварско  и Б.Ф.(41) од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.(39) од с.Форино, гостиварско. Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош“, стои во полицискиот билтен.

Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар.

Од Обвинителството велат дека јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.

Back to top button
Close