МВР: Возач фатен со 178 км/ч на патот Гостивар – Тетово, возилото одземено

Од МВР информираат дека со употреба на специјално возило пресретнувач е санкциониран возач кој управувал со брзина значително над дозволената на патот Гостивар – Тетово.

Како што се наведува, вчера (19.04.2026) во 18:50 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи измериле брзина од 178 километри на час на патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, на делница каде што дозволената брзина е 80 километри на час.

 

— реклама —

Возилото е одземено, а возачот К.И. (44) од Гостивар ќе се соочи со законски предвидена санкција согласно член 297-а и 300-б од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека контролите со специјалните возила пресретнувачи ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на прекршителите и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Оттаму апелираат до сите учесници да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел намалување на ризикот од незгоди и заштита на животот и здравјето на граѓаните.

Back to top button
Close