(Видео) МВР за тешката сообраќајка кај Хиподром: 25-годишник од скопско Бујковци со „бмв“ удри во камион

МВР со детали за тешка сообраќајка што се случи синоќа на влез во Скопје, кај Хиподром, кога се судрија патничко моторно возило и камион.
Инцидентот се случи во 23 часот на автопат Скопје – Куманово, пред клучката за обиколница на главниот град.
Како што информираат од МВР, судирот се случи помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од село Бујковци, скопско, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
Во несреќата двете возила се запалија и целосно изгореа, а возачот на автомобилот се здоби со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Ова е видео од местото на несреќата:
Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ утрово информираа дека сообраќајот на овој патен правец се пренасочува поради случена сообраќајна незгодa





