МВР: Заев и тројца министри беа во хеликоптерот на полицијата во рамки на задолжителните месечни-тренажни летови на екипажот

Летовите со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи на премиeрот Заев и министрите Шахпаска и Филипче на релација Скопје – Прилеп, односно на премиерот Заев и министрите Филипче и Бочварски на повратната релација кон Скопје се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата, изјавија од МВР откако беше објавено дека премиерот Зоран Заев заедно со министрите Венко Филипче, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски денеска со хеликоптер на полицијата пристигнале во Прилеп.

Од МВР велат дека владината делегација била пренесена во рамки на задолжителните месечни-тренажни летови на екипажот.

Премиерот денеска изврши увид во завршените градежни работи на модуларната болница во Прилеп. Присуствуваше и на почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка, како и на пуштањето во употреба на новиот 400/110 киловолтен трансформатор во трансформаторска станица „Битола 2” во Новаци.

Back to top button
Close