МВР заплени брендирана стока и разновиден алат, двајца уапсени

Полицијата уапси кумановец и скопјанец и од нив заплениле брендирана стока и алат без документација, соопштија од МВР. Вчера на автопат Табановце-Куманово, полициски службеници од мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишија од слобода Б. И (38) од Куманово и Б. С (41) од Скопје.

– Полициските службеници прво сопреле патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. и при преглед на возилото пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација. Стоката е одземена, а лицето е лишено од слобода. Во вториот настан, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при преглед на возилото биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација. Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода.

 

По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Back to top button
Close