МЗ меѓу првите 10 институции по индекс на активна транспарентност за 2021

Министерството за здравство е меѓу првите десет институции по индексот на активна транспарентност, според најновото рангирање на Центарот за граѓански комуникации. Споредбено со лани, Министерството за здравство ја подобрило својата транспарентност за 6 отсто и припаѓа во групата на институции со најголем напредок.
Активната транспарентност на институциите, според ова истражување опфаќа пет групи.
-Министерството за здравство влезе во првата група на институции со многу добра активна транспарентност односно со 87,5 отсто транспарентност во давањето на информации. Под „активна транспарентност“ се подразбира објавување информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството за здравството потсетуваат дека во 2017 година на истото истражување во активна транспарентност ресорното министерство беше рангирано во категоријата „слаба“ и за само три години во 2020 година има скок од цели 43 места.

-Ова е огромен напредок за нас како институција и резултат на нашата посветеност кон целосна транспарентност во објавување на информациите, посочуваат од Министерството за здравство.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close