МЗ: На Радиологија при снимање на МР на пациент кој е на кислородна поддршка се случил технички проблем, тој е во добра здравствена состојба
Министерството за здравство соопшти дека согласно информации од Институтот за радиологија, во текот на вчерашниот ден се случил технички проблем при снимање на магнетна резонанца на пациент кој бил приклучен на кислородна поддршка. Веднаш се преземени сите безбедносни мерки, а пациентот е во добра здравствена состојба.
Во меѓувреме се работи на отстранување на дефектот на апаратот, а сите пациенти непречено ја добиваат потребната здравствена услуга на другите два апарата за магнетна резонанца. Во интерес на пациентите е воведена и втора смена за снимање на МР се до надминување на техничкиот проблем, наведуваат од Министерството