МЗ: Ревакцинирани 43,6 проценти од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.162 дози вакцини, од кои 994 се аплицирани како прва доза, 3.114 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 30 септември, вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794, а трета доза примиле 235 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Од МЗ наведоа дека 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

– Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 проценти , а со две дози опфатени се 43,6 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, истакнаа од МЗ.

Back to top button
Close