МЗ: Само за една недела скоро 950 реинфекции на корона

Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пацинети, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември. Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица.
Зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти.Според епидемилошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се излоираат како би спречиле ширење на вирусот.