МЗ- Во денешниот биланс има и 14 лица починати од 2 до 17 септември

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година.

Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија.

Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.

Back to top button
Close